Резервирај Помош
Најави се Регистрирај се
Кошничка Резервирај

3 години НУ Камерен Оркестар на Битола

04.06.2026 20:00
од: 300 ден.
Офицерски Дом, Битола

Повеќе за настанот...

По повод 3-годишнината од своето постоење, оркестарот подготвува концертна вечер со која ќе го одбележи својот досегашен уметнички пат, развој и присуство на музичката сцена. Во изминатите три години, оркестарот реализираше повеќе од 30 концерти, настапуваше на значајни сцени низ Македонија и гостуваше во повеќе градови низ државата, градејќи силна врска со публиката и препознатлив уметнички израз. Своето претставување го прошири и надвор од земјата, со гостувања во Виена и Рим, потврдувајќи дека неговиот звук има вредност и надвор од македонската сцена. Концертот по повод 3-годишнината е замислен како стилско музичко патување низ европскиот музички модернизам, неокласицизмот, фолклорните инспирации и камерната елеганција. Програмата ги обединува делата на Клод Дебиси, Питер Ворлок, Ралф Вон Вилијамс, Бела Барток, Едвард Елгар, Гија Канчели и Петер Хејдрих, создавајќи звучен свет исполнет со боја, суптилност, виртуозност и поетска длабочина. Програмата ќе биде изведена во два дела. Концертот ќе биде под диригентска палка на Борјан Цанев. Оваа концертна вечер ќе биде приказна за три години работа, сцени, публика, патувања и музика што продолжува да создава свој простор. 04.06.2026, 20:00, Офицерски Дом, Битола.

Одбери го твоето место:

Zoom:

Сектор B, Ред: 18 Седиште: 15

1800 ден.

Моја кошничка

Вашата кошничка е празна.