Вашата кошничка е празна.
MTV The Greatest Hits Volume 3
MTV The Greatest Hits Volume 3 – Битола, 13 септември 2025 По точно две години од првото спектакуларно издание во Битола, градот повторно ја има честа да биде домаќин на едно од најомилените музички случувања – MTV The Greatest Hits! Овој септември, Битола ќе заживее во ритамот на најголемите хитови од 80-тите и 90-тите, овојпат со комплетно нови песни и свежи аранжмани кои ќе донесат уште поголема енергија и возбуда. „MTV The Greatest Hits“ е веќе еден од најпопуларните проекти кај нас – баран насекаде низ Македонија, па дури и во Србија. Сега, со своето трето издание, се враќа токму таму каде што започна – во Битола. Подгответе се за уште една незаборавна атмосфера, песни кои сите ги знаеме и сакаме, и емотивно патување низ времето – со звук што обединува генерации. �� 13 септември 2025 �� Центар за култура – Битола ⏰ Почеток во 20:00 часот Во септември, Битола повторно ќе биде музички центар. Не го пропуштајте MTV The Greatest Hits Volume 3!
Одбери го твоето место:
Zoom:
1800 ден.