Резервирај Помош
Најави се Регистрирај се
Кошничка Резервирај

MTV The Greatest Hits - Оркестар DIVA

01.05.2026 20:00
од: 500 ден.
НУЦК Григор Прличев, Охрид

Повеќе за настанот...

Еден од најбараните проекти на Оркестар DIVA конечно доаѓа и во Охрид.

Концертот „MTV Greatest Hits“ денес носи уште поинакво, подлабоко значење особено сега, кога MTV повеќе не постои во онаа форма во која сите го паметиме, како симбол на една генерација, еден звук и едно време.

Концертот ќе биде враќање во една златна ера, во време кога музиката имаше поинаква тежина, кога песните не беа само хитови, туку дел од нашето растење, од нашите спомени, од нашите први љубови, другарувања, излегувања и соништа. Заедно ќе се потсетиме на песните што обликуваа цела генерација, песни што се слушаа гласно, се пееја од срце и останаа засекогаш врежани во нас. „MTV Greatest Hits“ во Охрид ќе биде вечер за сите што сакаат повторно да ја почувствуваат магијата на таа златна доба и тоа искрено, силно и со многу емоција.

Вечер кога спомените ќе оживеат, а музиката повторно ќе нè потсети кои бевме и зошто тие песни сè уште живеат во нас. 01.05.2026, 20:00 НУЦК Григор Прличев, Охрид

Одбери го твоето место:

Zoom:

Сектор B, Ред: 18 Седиште: 15

1800 ден.

Моја кошничка

Вашата кошничка е празна.