Вашата кошничка е празна.
Industrial Symphony
Industrial Symphony 13.05.2026 | МКЦ Скопје | 20:30 Подгответе се за концерт што не се слуша мирно од столче. Industrial Symphony е долгоочекуваниот алтернативен проект на Оркестар DIVA — енергично, моќно и целосно поинакво музичко доживување што ќе ја раздвижи публиката од првиот до последниот такт. На програмата се песни од Prodigy, Rammstein, Chemical Brothers и многу други бендови, во изведба каква ретко се гледа и уште поретко се осмелува некој да ја постави на сцена. Ова се композиции кои многу cover бендови ги избегнуваат поради нивната ритмичка сложеност, специфична енергија и препознатлив електронски звук. Токму затоа, Оркестар DIVA носи нов и храбар концертен концепт — целосно автентични оркестарски изведби на песни што ја поместуваат границата меѓу класичната сценска дисциплина и суровата енергија на алтернативната музика.
Одбери го твоето место:
Zoom:
1800 ден.