Вашата кошничка е празна.
Мјузикл - Freddie the QUEEN
Легендата оживува. За првпат во Битола.
Битола ќе биде домаќин на првиот оригинален македонски мјузикл, инспириран од животот и делото на неповторливиот Freddie Mercury гласот, духот и бунтот што засекогаш ја променија музиката. Ова е биографска музичко-сценска приказна за патот од соништата до легендата, за славата, љубовта, борбите и бесмртното наследство на фронтменот на Queen.
Мјузиклот е направен по сценарио на Димитар Захариевски, во режија на Бојан Стојков, а Владимир Димовски стои зад диригентската палка, продукцијата и оркестрациите, носејќи ја музиката на Queen во моќна оркестарска форма, каква што досега во Битола не имало.
Актерска екипа: • Бојан Стојков – Freddie Mercury • Димитар Захариевски – Brian May • Никола Пројчевски – John Deacon • Никола Стефанов – Roger Taylor • Теона Крстеска – Mary Austin Исповед, концерт, театар и емоција во едно. Проект што ја поместува сцената во Битола и поставува нов стандард за домашната продукција.
Одбери го твоето место:
Zoom:
1800 ден.