Резервирај Помош
Најави се Регистрирај се
Кошничка Кон плаќање

Сецко 40 Години Музика

12.12.2025 21:00
од: 300 ден.
Македонски Културен Центар

Повеќе за настанот...

 Во оваа работа најважно е да траеш. Да се бориш со сопствените демони, сомнежи, верувања и очекувања, подеми и падови на личното соголување пред себе, светот и векот. Да дојдеш до четириесет години на сцена, значи дека си победил во тие битки, дека си останал на нозе како секој добар боксер во долга и тешка борба со сопствената сенка. Само тоа се важи. Од едно срце до друго, од еден дом во друг, атом по атом, многу пат и пот се тоа, почитувани. А, да оставаш траги е најтешко, да се запишеш во историјата на едно лично постоење, да градиш светови таму со секој отсвирен тон, нов штим или кажан збор, тоа е постигување вредно за наклон. Сеад Хаџиќ - Сецко е културен симбол на Ѓорче Петров, негов штит. Јасна припадност е тоа. Играч формиран на нерамен терен, во ретко незгодни услови за игра и со често непредвидливи противници и околности. Гитарски фанатик, рокенрол фрик кој со аскетска посветеност живее во тесните празнини помеѓу 6те жици, растојание што е точна единица мера за неговиот живот. Сцената му е втор дом, и тој добро знае дека колку и да е висока, не може да биде повисока од ниеден човек, обичниот човек од секојдневието долу, работник. Можеби затоа што е и двете. Дека рокенролот само кога е во истата социјална рамнина со својата публика го има вистинскиот глас и смисол, сѐ друго е шоу бизнис, идолатрија, спектакл на добри или помалку добри песни. Last Expedition, Exic, Mooger Fooger, Karla Levinski се четири бенда што тежат многу во торбата на македонската алтернативна сцена, историски гледано. Тоа се вкупно четириесет години музички непокор, движење зглобови и прсти без компромис со никого и ништо, чист талент, енергија, љубов и човечка искреност целосно во служба на сопствената публика. Од крвавите кукли на Ѓорче до гулабите во Ново Лисиче, од Бегство и Шефе до дражесната So Many Loves, па Ќелав дабар, Маршира пропаста, Кабала... Бескрајната инвентивност низ целиот опус на Мугер Фугер или цврсто стиснатата тупаница во неговата последна креација - Карла Левински. Кој може да остане рамнодушен пред овој жив музички монумент? Почитувани, 12 декември и МКЦ се време и место за другарски наклон на делото на овој вонсериски музичар, гитарист, но и сосем обичен човек кој безразложно и долго нѐ чува дарувајќи нѝ ги најдобрите животни сокови од себе. Со своите пријатели, некогашни и сегашни музички партнери ќе нѐ прошетаат низ сите поважни моменти од опусот на гореспоменатите бендови. И тоа на крај нема да биде само приказна раскажана од и за Сецко, туку и убав историски увид во душата на Скопје, еден град што нѐ направи луѓе во време кога беше многу полесно да не се биде. Овој човек има свој мал, но значаен удел во тоа. Респект. Драги наши вечерта во МКЦ ќе се свири опусот од музичките дела на Сецко кои се создавани во изминативе 40 години со бендовите: Ласт Експедишн, Ексик, Мугер Фугер и Карла Левински. На сцената ќе бидат Сеад Хаџиќ - Сецко, Огнен Мангаровски - Оки, Виктор Гајтановски, Сашо Митревски, Андреј Коларовски, Стефан Момиќ, Андреа Салпе, Андреј Анастасов Даскаловски. Специјални гости ќе бидат : Енис Хаџиќ - Енко( Ласт Експедишн), Димитар Петров ( Ласт Експедишн), Ристо Солунчев- Ицко (Чиста Околина ), Горан Трајкоски- Готра ( Падот на Византија, Мизар и Анастасија)... Предгрупа- Хана Корнети. Влезници во претпродажба: 300 денари Ноември, 400 денари од 01.12.2025 до 12.12.2025 година и 500 денари на денот на концертот.

Одбери го твоето место:

Zoom:

Сектор B, Ред: 18 Седиште: 15

1800 ден.

Моја кошничка

Вашата кошничка е празна.