Резервирај Помош
Најави се Регистрирај се
Кошничка Кон плаќање

Flowers Symphony

30.07.2025 21:00
од: 500 ден.
Хераклеја, Битола

Повеќе за настанот...

Премиера на Flowers Symphony (Цветна Симфонија) на Битолски Камерен Оркестар ⋮IWConnect во Хераклеја – концерт што ќе го обои летото во боите на музиката и цвеќињата

За првпат ова лето, Битола ќе блесне во ново светло со премиера на новиот проект на Битолски Камерен Оркестар – Цветна Симфонија или Flowers Symphony, кој ќе ја претвори музиката во градина од чувства, ноти што цветаат, уметност што диши. Во прекрасниот амбиент на Хераклеја, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија, каде древната историја и современата уметност се спојуваат под ѕвезденото небо, ќе се случи концерт што ќе го обележи летото во Битола. Како што „Виена во Битола“ стана симбол на зимската културна елеганција, така Цветната Симфонија ќе биде нејзин пандан, но овојпат, наместо во снежна идила, ќе уживаме во раскошна цветна идила. Цветната Симфонија го носи летниот дух низ симфонија од бои, цветови, емоции и звуци кои ќе ве понесат. Повеќе информации за изведувачите, како и што се ќе имате во можност да слушнете, во следните денови. Карти во продажба на yournextevent.info и во Тобако Димпо по цена од 500 денари.

Одбери го твоето место:

Zoom:

Сектор B, Ред: 18 Седиште: 15

1800 ден.

Моја кошничка

Вашата кошничка е празна.