Вашата кошничка е празна.
Flowers Symphony - Битола
**Flowers Symphony повторно во Битола** По минатогодишната магија во Хераклеја, каде Flowers Symphony се одржа под отворено небо и ја освои публиката, ова лето концертната приказна продолжува во поинаков, уште поатрактивен амбиент - во Пациото на НУ Завод и Музеј Битола. Како летен пандан на „Виена во Битола“, Flowers Symphony носи друга енергија потопла, поинтимна и медитеранска. Ако „Виена во Битола“ ја донесе елеганцијата на виенската музика во зимскиот период, Flowers Symphony ова лето ја носи магијата на Италија, филмската музика и Медитеранот во срцето на Битола. Оваа година го избираме Пациото затоа што сакаме публиката да го доживее концертот одблиску во простор кој има посебна близина, тишина и автентичност. По големата сцена во Хераклеја, овој амбиент ни дава можност музиката да се почувствува поцелосно, подлабоко и поемотивно. Во Пациото, звукот на симфонискиот оркестар, хорот и гласовите на трите оперски диви ќе добијат посебна топлина и интимност. На сцената ќе настапат симфониски оркестар, три оперски диви и хор, под диригентската палка на Владимир Димовски. За ова издание подготвуваме и посебно изненадување за публиката нешто што ќе ја направи оваа летна вечер уште понезаборавна. Flowers Symphony во Битола - елегантна, интимна и раскошна музичка вечер во срцето на Пациото.
Одбери го твоето место:
Zoom:
1800 ден.