Вашата кошничка е празна.
Flowers Symphony - Охрид
Flowers Symphony доаѓа во Охрид. По спектакуларниот концерт во Хераклеја минатото лето, кој ја наполни античката сцена до последно место, и по распродадената Филхармонија во Скопје, Flowers Symphony ова лето пристигнува и во Охрид. На 18 август, на сцената Долни Сарај, публиката ќе има можност да биде дел од една посебна музичка вечер исполнета со елеганција и медитеранска убавина. На сцената ќе настапи Оркестар DIVA заедно со три оперски диви, хор и голем оркестар. Повеќе од 100 учесници на сцена кои ќе ја донесат магијата на италијанската музика под отворено небо. Програмата ќе биде посветена на најубавите италијански арии, безвременски канцони и познати италијански филмски теми. Музика која буди спомени, создава слики и ја носи публиката директно во срцето на Италија. Flowers Symphony е вечер со мирис на лето, езеро, цвеќиња и музика што останува. 18.08.2026 | 21:00 Сцена Долни Сарај, Охрид Карти во продажба на yournextevent.info и кај Аждер, Охрид.
Одбери го твоето место:
Zoom:
1800 ден.