Вашата кошничка е празна.
Ноти со Мисија - Хуманитарен Концерт
Здружението на деца и млади со посебни потреби и нивните родители „Невроразлични“ ве поканува на хуманитарен концерт кој ја спојува музиката со хуманоста.
На 28 мај 2026 година, уживајте во изведбата на Оркестар „Дива“, кој преку своите звуци ќе испрати силна порака за заедништво, поддршка и инклузија. Благодарение на Дива, средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за изградба и опремување на инклузивна соба во ООУ „Климент Охридски“ – Битола, со цел создавање подобри услови за учење, развој и поддршка на децата.
Слоган на настанот: „Музиката обединува, а НИЕ создаваме подобри услови“
Да бидеме дел од оваа мисија. Да помогнеме заедно. Да создадеме простор каде секое дете ќе има можност да напредува. 28 мај 2026 Битола Ве очекуваме!
Одбери го твоето место:
Zoom:
1800 ден.