Вашата кошничка е празна.
Д БЕСТ ОФ БИТОЛА - Оркестар DIVA
За 3 јули секогаш се врзуваат убави настани поврзани со Оркестар DIVA. Токму на 3 јули беше возобновен оркестарот и беше одржан првиот концерт во Пациото со „ За Моја Битола“ во 2013 година. Оттогаш па наваму, овој датум како да стана симбол на една убава приказна, во која се нижеа голем број концерти и проекти, не само во Битола, туку и надвор од градот и надвор од Македонија. А токму на 3 јули 2024 година, за првпат го одржавме и големиот концерт на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. По само две години, повторно подготвуваме голем музички спектакл, но овојпат на Ракометното игралиште – простор кој и претходно бил сведок на значајни музички случувања, меѓу кои и фестивалите Balkan Gala, кои се одржуваа во две вечери. Оваа година, на роденденот на оркестарот, така и најчесто го нарекуваме овој датум, за првпат ќе се одржи големиот концерт „Д БЕСТ ОФ БИТОЛА“, еден вистински локалпатриотски проект кој на едно место ќе ги собере најдобрите битолски бендоци и тоа Чоканче, Паркети, Brass Brothers, CODE369 (Памперс), Гром, Бранислав Николов од Фолтин. Тие заедно со Оркестар DIVA ќе создадат вечер посветена на битолската музичка енергија, на градот и на луѓето што со години ја градат неговата културна приказна. Како и на нашите претходни големи музички настани, и оваа вечер нема да заврши со последната оркестарска нота. Концертот ќе биде заокружен со настап на диџеи, а овојпат тоа ќе бидат битолски диџеи, чии имиња ќе бидат дополнително објавени. На 3 јули 2026 година, Битола ќе покаже дека знае да ја слави својата музика, своите уметници и својата сцена. „Д БЕСТ ОФ БИТОЛА“ ќе биде вечер на битолска гордост, заедништво и музика која го носи духот на градот. Карти во продажба по промотивна цена од 400 денари до 10.05.2026 на yournextevent.info и во Тобако Димпо.
Одбери го твоето место:
Zoom:
1800 ден.